Програми за обука

Изберете ја патеката која одговара на вашиот кариерен развој.

📋

Обука за управување со проекти

Проектниот циклус, дефиниран според стандардите на PMBOK (Project Management Body of Knowledge), претставува структуриран пристап за управување со проект од неговото иницирање до завршување. Овој циклус се состои од неколку фази, меѓу кои особено значајна е фазата на вклучување во реализација на проектот.

🎯

Обука за млади менаџери

Поставувањето јасни и остварливи цели претставува основа за успешно планирање и реализација на активностите. Управувањето со време е клучна вештина која овозможува приоритизација на задачите, зголемување на продуктивноста и намалување на стресот. Преку правилно планирање и организација, се обезбедува ефикасно користење на ресурсите.

Обука за лидери средношколци

Лидерските вештини претставуваат способност за влијание, насочување и инспирирање на другите со цел постигнување заеднички цели. Успешниот лидер поседува визија, донесува одлуки, делегира задачи и создава позитивна и продуктивна работна средина.

📊

Дигитална писменост за деца и млади

Блогирањето е креирање и споделување содржина за информирање и едукација, при што се развиваат вештини за пишување и маркетинг. Веб дизајнот опфаќа изработка на визуелно привлечни и функционални веб-страници со добар UX. Социјалните мрежи се користат за комуникација и градење бренд, додека презентациските вештини овозможуваат јасно и убедливо изразување пред публика.